Профил на компанијата

Профил на компанијата

Фирмата е основана 1972 во состав на Треска Скопје.
Од 2004 година целосно е приватизирана и функционира како МЕБЕЛ ТРЕЈД Доо Виница. Традиционалниот трговски бренд ТРЕСКА ВИНИЦА е задржан и заштитен во Државниот завод за индустриска сопственост на Р. Македонија.

Компанијата располага со 62.000 м2 земјишна површина од кои над 20.000м2 производен и магацински простор. Продажни салони за мебел во Виница и Скопје.
Фирмата ангажира 230 постојано вработени со долгогодишно искуство и соодветно образование.
Целосно насочена кон клиентите, преку постојано подобрување на прозводите и услугите, за задржување и зголемување на нивната доверба во брендот ТРЕСКА ВИНИЦА.

 

 

Производна програма

Треска Мебел Трејд Доо специјалира во производство на тапациран мебел и мебел од масивно дрво по димензија (трпезариски маси, клуб маси, газишта.)
Нашата производна програма се состои од:

 

 

Правилник за услугите и производите

Почитувани купувачи,

 
Би сакале да ве информираме дека робата купена во нашите салони ја испорачуваме само до домашна адреса пред објектот на домување.

Мебелот произведен во нашата фабрика е со одреден гарантен рок во зависност од типот на производот, и во тој рок по потреба се превземаат чекори за решавање на настанатиот проблем доколку се уште подлежи производот на гаранција.

Рокот на испорака е помеѓу 15-30 дена, во зависност од типот на производот и обемот на работа на фабриката во моментот на нарачка.

Сопствени продажни салони имаме во Скопје - населба Пинтија (072 217 536) и во Виница во кругот на фабриката (070 213 041).

По останатите градови во Македонија имаме развиено мрежа на соработници, кои не застапуваат во: Битола, Прилеп, Ресен, Велес, Радовиш, Струмица, Неготино, Кичево, Тетово.